ВО САБОТА СЕ ОТВОРА БАЗЕНОТ АЕРОДРОМ!

Јун 08 2017

image

Во сабота се отвора базенот Аеродром!

Дали сте во потрага по ново летно место за забава и релаксација во Скопје? Музика, журка, рекреација и вкусна храна се само дел од она што базенот Аеродром и оваа сезона ќе им овозможи на своите посетители. 

Скопската бетонска џунгла во лето е позната по своите високи температури. Со цел токму да им се избега на горештините, Базен Аеродром, најголемиот отворен базен во Република Македонија, и ова лето им се става на располагање на сите како вистинско место за одмор, рекреација, разладување и добра храна. Базенот ќе биде отворен во сабота, на 10 јуни, 2017 година.   

Менаџментот на базенот, за летната сезона годинава најавува новитети, кои покрај водените лудории, како незаменлив дел од работењето на базенот, ќе им понудат на посетителите дополнителна забава во другите придружни содржини на објектот. Ова лето, во комплексот на Базен Аеродром ќе продолжи со работата и ресторанот, кој што ги служи своите посетители со добро подготвена храна и освежителни пијалаци.

Музика, добра журка, рекреација и добро залче, е само дел од она што оваа сезона ќе им овозможиме на оние кои што летните денови ќе бидат во Скопје. Очекувајте секојдневни изненадувања!”, велат одговорните во Базен Аеродром.

Тимот на Базенот Аеродром си го задржува правото секојдневно да ги изненадува посетителите со планирани забавни и друг тип на содржини, за што навремено ќе бидат информирани сите кои што сакаат да поминат квалитетно слободно време овие летни месеци. Работното време на Базенот Аеродром не се менува и ќе биде отворен секој ден, од 10,00 до 18,00 часот.