АкваМарин Велнес

Ниту еден квалитетен резултат во било која област од животот не може да се постигне ако начинот на кој доаѓаме до тоа не беше поплочен со елементи што произлегуваат од стратегијата, осмислена пред заминувањето на тоа патување. Целите постигнати без стратегија се случајни, а секоја случајност е пат во друг правец, пат кон стихија (рано завршена спортска кариера).

Еден млад човек, кој се наоѓа на почетокот на патеката наречена долготраен тренажен процес а на крајот на која е спортскиот успех, заслужува долгорочен план на патот, првенствено од хумани, а потоа од сите други причини, во чија основа е обично само спортскиот успех . 

Јасно е дека ова е многу долг период, во кој планирање и програмирање структура на професионалци е целосно зависна од Вас претпоставените и родителите за да на крајот се добие облик на врвни спортисти. Тоа мора да биде спортист, кој е способен да го задржи својот висок квалитет на долг рок, со минимизирана изложеност на повреда. 

Оригиналниот концепт кој ја формира независна стратегијата за долгорочен развој во спортот е концептот кој Ви го нудиме за соработка.

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ - единствени на балканот од Високо стручен кадар, докажани во повеќегодишната пракса со спортисти

1. АПМ метод и техника за преглед и дијагностика како увод за апликацијата на ЦЕПМТејпинг (АПМ според Penzel ) е метод на третман на човечкото тело, која се темели врз основа на принципот на работа на енергетскиот систем на човекот. Оваа техника потекнува од Германија и била развивана повеќе, после Втората Светска Војна од д-р. Вили Пензел.

Во методот е вклучено сето знаење, старо три милениуми од далечниот Исток, искомбинирано со Европските терапии, а воедно застапено е и личното искуство од секојдневната пракса во третманите и обсервацијата. Суштината на Акупунктурната масажа според Пензел (АПМ) метод, е употребата на енергетскиот систем според Yin и Yang Меридијаните и акупунктурните точки на кој се балансира, трансферира и усмерува енергијата, со употреба на специјално метално пенкалце (стапче) по телото. 

2. Друг важен дел од методот во третманот на `Рбетниот Столб е и третманот на лузни (cikatrix), тетоважи и пирсеви.

Лузните (тетоважите, пирсевите) можат да го попречат протокот на енергија, и можат да доведат до енергетска погрешна статика. 

Потребно е да се проверат, тестираат сите лузни за да се одреди дали го попречуваат енергетскиот ток. 

3. Неинвазивна метода за мерење на деформитетите на `рбетниот столб е со апаратот Спаин Скен (‘‘Spine Scan’’)

За дијагностицирање на деформитетите на рбетниот столб го користиме апаратот ‘’Spine Scan’’ со кој се врши прецизно утврдување на видот и на степенот на деформитетот. По извршеното скенирање се врши анализа на добиените податоци и во согласност со утврдената состојба се одредува бојата, начинот и техниката на аплицирање на лентите за Колор Енергетско - Физиолошки Меди тејпинг (CEPMT).

Спаин Скенот е рачен (портабл) и самостоен независен апарат (уред) по принцип на електронска либела кој врз база на сензорните движења и инклинации на карлицата обезбедува автоматски начин за проверка, мерење и следење на деформитетите на `рбетот, пореметување на ставот (постурата) и обсегот на подвижност на лумбалниот и цервикалниот `рбет . Информациите добиени од страна на Спаин Скен уредот треба да се користaт како водич за одлуката дали е потребна понатамошна медицинска евалуација.

4. Колор Енергетско - физиолошки Медикал Тејпинг во буквална смисла на зборот претставува поставување на лента !

Методот Колор Енергетско - физиолошки Меди Тејпинг (CEPMT) е неинвазивна , нефармаколошка техника, која ја подобрува терапијата и им нуди на пациентите алтернативно, ефикасно и локализирано лекување. Оваа техника се базира на природните способности на организмот за лекување.

Body, mind, spirit – концепт

Програм 1. -  Stress reduction – Стрес редукција 

Стресот, денес е присутен во животот на секој човек. Не може да се избегне, но може да научиме како да живееме со него и ги ублажиме неговите последици врз нашето здравје.

Стресот ни предизвикува и поттикнува нов начин на размислување и однесување со единствена цел и можност да еволуираме  и се прилагодиме  на новиот еквилибриум. Ако сакаме да ја надминеме, и да се избегне патот на болеста,  треба постојано да се усогласат внатрешните и надворешните фактори, за да се постигне рамнотежа на телото, умот и душата.

Прв чекор е емотивната чистина и сигурност, менталната хигиена и квалитетна мисла.

Втор чекор е квалитетна релаксирачка ароматична масажа и естетско задоволство.

Третиот  неизоставен дел  од квалитетните животни навики е спортската активност.

Овој програм ќе ве доведе до релаксирачка состојба на духот и телото. Низ квалитетни природни релаксирачки масла ќе се зајакне опуштеноста и активно ќе се стимулира и витализира телото и духот.

Програм 2. – Масно четкање

Масното четкање на кожата од  козметички причини (за посветла,  блескава кожа, помалку целулит) можете да се користите кога ќе се чувствува умор, исцрпеност, или ако имате хронична болка и напнатост во одредена група на мускулите или дел од телото .... Ефектите се последица на отстранување на мртвите клетки од површината на кожата, стимулирање на брзиот раст на нови клетки, особено сврзно ткиво кое дава сила на кожата и еластичност. 

Четкањето ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата - што резултира до повеќе крв на периферијата, кое од една страна ја храни кожата со кислород и хранливи материи,а  од друга страна доведува до поголем износ на вишокот токсини од крвта – детоксификација -detoxifying. Четкањето помага и во олеснување на  болката и напнатоста во телото, бидејќи движењето на кожата со четкање по одреден интензитет и протокол прави релаксација на болката Pain relief. Подобрената  циркулација и оксигенација како резултат на четкањето ќе го отстрани спазамот и мускулните грчеви во ткивата а одговорот ќе биде извонредна релаксација.

Aquamarin medi wellness-от нуди ЛЕТНИ КОЗМЕТИЧКИ УСЛУГИ

Козметички третмани на лице

- биолошка масажа

- тонолифтинг масажа

- Мими робикс гимнастика – групна

Педикир и маникир 

- Класичен и медицински педикир.

- Класичен маникир

- Маникир со гел лак “Gelish Harmony”, “ Shellac, Bluesky”

Депилација

Во склоп на роденденските прослави на Базенот нудиме и посебна услуга за децата 

- Цртење на лице – face painting