Државното првенство во пливање
Јул 14 2014- Детали
Државно првенство во пливање
Изминатава недела на Базен Аеродром се одржа Летното државно првенство во пливање на Македонија на кое учество зедоа 176 пливачи од 12 пливачки клубови од земјава.
Значајно за спомнување се трите нови државни рекорди во категоријата Помлади пионери и пионерки, запишани од Симоновски Антониј (2002 година) на 50 метри слободно - 29.79 (стариот рекорд беше 29.94), пред Александар Попов од ПВК „Делфин“ – Скопје и на 100 метри слободно - 1.04.50 (стариот беше 1.04.93). Ана Јаневска (2002 година) од ПК „Бета“, пак, постави рекорд на 50 метри делфин – 32.50 (стариот беше 32.52), пред Ана Марија Пејчиновска од ПВК „Делфин“.