P.S. Fashion ревија
Јул 07 2014- Детали
P.S. Fashion Ревија
На 7 Јули, на Базен Аеродром модниот гигант “P.S. Fashion“ организираше модна ревија на која беше презентирана нивната нова летна колекција за 2014 година.
Десетте манекенките од „Модното студио Црнокрак” дефилираа во новите колекции и костими за капење со што ги освоија симпатии кај присутните гости.
Меѓу одбраните гости кои вчеравечер присуствувааа на ревијата ги забележавме и поп пејачката Дани Димитровска, водителката и уредничка во Алфа телевизија Ирена Спировска, водителот Димитар Атанасовски. Инаку девојките по завршувањето на ревијата ги испробаа новите костими за капење скокајќи во ладниот базен.
Целосна галерија со фотографии од ревијата можете да погледнете на нашиот Facebook Fun page!