МАТИЦА: 15 год. "Со книга на плажа"

Мај 31 2014

image

МАТИЦА: "Со книга на плажа"

Клубот "Матица" ја најави 15-тата по ред летна акција "Со книга на плажа", соопштувајќи дека ќе спроведе бројни кампањи за поголема достапност на книгите до читателите.

 

 

Дејан павлески најави оти Клубот брои веќе 40 илјади читатели, а дека публиката е главно од 25 до 40 години, факт за поздравување. Покрај изданијата на "Матица", со големи попусти ќе се продаваат книги и од другите домашни издавачи, од странските партнери, како и од клубот "Лагуна" од Белград, најголемиот издавач на Балканот.

Од "Матица" велат оти хит на летото е "Последната пролет во Париз" од хит авторката Јелена Бачиќ - Алимпиќ, а дека поволно ќе се достапни и автори како Даниел Глатауер, Тереза Ревај, Џесика Брокмил, Гонг Џијонг, Роберт Херис, Вероника Хенри, како и домашните Павловски, Дамјановски, Миневски, Гилевски, Димовски, Смилевски. 

Акцијата годинава е проширена со поголемите туристички агенции, па се спроведуваат и две кампањи: "Да летуваме подготвени" и "Да патуваме низ Македонија", акции со различни поволности во соработка со агенциите. Во акцијата на "Матица" се вклучува и отворениот базен во населбата Аеродром каде што се одржа пресот и каде што посетителите имаат можности за ваучери, со попуст за книгите кои ги нуди "Матица".