Организирање на прослави

Веќе добро познато низ цело Скопје е дека Базен Аеродром полека стана едно од најпријатните места за прослави во градот и забавите организирани таму претставуваат незаборавни доживувања. Нашиот базен овозможува пријатни мигови на уживање, професионална и врвна услуга, како и интересна летна атмосфера. Нашиот персонал е тука за да ви овозможи приватни вечери, родендени, годишнини, приеми, коктел забави, бизнис забави, промотивни активности и презентации и слично.

Нашиот тим стои на располагање и да ги задоволи вашите дополнителни барања, како што се: аранжмани со цвеќе, балони, свеќи, специјални светлосни ефекти, музика, фотограф, снимател и друго.

Сето ова ќе допринесе вашата прослава да биде посебна, интересна и незаборавна.