Аеробик во вода

Јул 23 2014

Придобивките од аеробикот и вежбањето се познати веќе долго време. Ако сакате да вежбате и во исто време да се забавувате и разладувате можете да ги пробате нашите часови по аеробик во вода. Тоа всушност е тренинг со аеробни вежби кој се изведува во нашиот базен. Ширум светот овие вежби со лесен отпор се познати и како "water aerobic", "аqua aerobic" и "aqua fitness".

Како дополнение на придобивките од стандардните вежби кај овие вежби вoдената средина го поддржува телото намалувајќи го стресот врз зглобовите и мускулите и со тоа ризикот од настанување на мускулни и зглобни повреди.Намалувајќи го влијанието на гравитацијата водата овозможува поголем опсег на движење.Заради постојаното разладување, водaта спречува претерано загревање на организмот и настанување на топлотен удар.Не мора да бидете добар пливач за да ги изведувате вежбите. Вежбите се безбедни за сите кои можат да се оддржуваат со главата над водата, па дури и за постари лица.

Контактирајте не и не заборавајте да прашате за попустите за повеќе членови од вашето семејство.