Пливачка школа за деца и возрасни

Јул 22 2014

Во склоп на Базен Аеродром функционира и пливачката школа за деца и возразни, која им нуди можност на сите оние кои сакаат да научат да пливаат професионално или рекреативно да го направат тоа со нашите искусни тренери. Пливачката школа на базенот е организирана во соработка со пливачкиот и ватерполо клуб ОРИОН.

Заинтересираните лица можат да одберат еден од многуте термини за пливачката школа, а исто така можат да направат комбинација од часови по пливање и популарниот аеробик во вода. Контактирајте не доколку сакате да бидете подетални информации.