Предности на пливањето
Мај 28 2013- Детали
Пливањето ги ангажира сите мускули на телото, а тоа ни помага да останеме во подобра форма, да бидеме здрави и задоволни со својата тежина. Пливањето ги зајакнува нашите мускули и не прави поиздржливи.
Зошто пливањето е најдобра вежба? Најпрво, се ангажираат сите мускули на телото, а тоа ни помага да останеме во добра форма, да бидеме здрави и задоволни со својата тежина. Водата создава поголем отпор од воздухот, така што во неа мора да се трудиме 12 пати повеќе отколку кога вежбаме на суво.
Повеќето луѓе се откажуваат од вежбање оти им здосадува но, со пливањето нема такви проблеми. Не може да ви здосади, а неговите предности се многубројни.
Го подобрува капацитетот на белите дробови
Со пливањето истовремено се користат и рацете и нозете, што го зголемува капацитетот на белите дробови.
Го зајакнува срцевиот мускул
Пливањето го зајакнува срцевиот мускул со чија помош срцето побрзо пумпа крв, што ја зголемува циркулацијата која влијае на целиот организам.
Помага во борбата против болестите
Луѓето кои седат долго повеќе страдаат од срцеви заболувања и почесто се борат со дебелината. Затоа пливањето е вистински лек за нив.
Безболна вежба
Уште една предност на пливањето е што претставува безболна вежба. Ако некој страда од болки во зглобовите, тогаш пливањето е најдобра вежба. Професионалните спортисти по повреда се рехабилитираат со пливање.
Колку време треба да пливате?
Доколку сте почетник би требало да се зачлените во некој кулб или да ангажирате личен тренер. Доволно е да пливате половина час дневно, но доколку сте во подобра физичка кондиција, можете да пливате почесто и подолго.